Phones.mk слави 2 години! 🎈
Прославуваме втора година постоење на Phones.mk. Што ја одбележа оваа година, и што нѐ чека во следната?
Пред околу 2 години агрегаторот Phones.mk беше лансиран со една единствена мисија: да го олесни купувањето на технологија во Македонија, правејќи го полесно и подостапно за сите.
Од тогаш, Phones.mk прерасна во доверлив и сигурен помошник за пазарење, секојдневно уживајќи ја довербата на илјадници корисници. Споредувањето на уреди, брендови и цени никогаш не било полесно. Бројот на посетители постојано расте, а со тоа и нашата мотивација и посветеност стануваат сѐ посилни.
Во овој пост, ќе направиме мал осврт на изминатиот период, ќе разгледаме што беше сработено, што е во план, како и некои интересни статистики.
На што работевме досега?
Го зголемивме бројот на понудите
Постојано додаваме нови продавници и категории на уреди. Денес, Phones.mk индексира околу 4500 понуди од преку 30 продавници, што е за 3 пати поголема бројка од почетните 1500 понуди пред 2 години.
Ги интегриравме GSMArena и YouTube
Со цел да добиеме целосна слика за секој уред, ги интегриравме популарните сајтови GSMArena и YouTube за да понудиме линкови до детални спецификации и рецензии за секој уред.
Ја оптимизиравме брзината на сајтот
Ги оптимизиравме позадинскиот код и алгоритмите на сајтот, со што постигнавме оцена 99 од 100 на бенчмаркот за брзина Google PageSpeed Insights.
Кои се најпопуларните уреди и продавници?
Оваа година, круната за најпопуларен уред на Phones.mk ја освои моделот Apple iPhone 13 Pro Max 🏆, а веднаш зад него следат неколку модели на Samsung. Статистиката јасно покажува дека овие два брендови се на врвот во Македонија.
Од продавниците, оваа година најголема посетеност постигна Ledikom, додека близу зад неа на втората позиција се најде Anhoch. Овие две продавници веќе втора година се покажуваат како најпопуларни продавници на македонскиот пазар.
Што е следно за Phones.mk?
Во следната година планираме да го подобриме Phones.mk уште повеќе. Приоритетот ни е додавање нови категории на уреди, индексирање уште повеќе продавници и имплементирање нови функционалности кои ќе дадат нова димензија на шопингот.
Во меѓувреме, доколку имате било какви идеи, пофалби и критики, испратете ни ги со кликање на Фидбек копчето во долниот десен агол. 😉
Благодариме за довербата! 🙌